Бубевски: Застарувањето на делото за Даравелски е готова работа

Сподели

 

Застареноста на делото за Даравелски е веќе завршена работа, но конфискација на имотот не зависи од застарувањето, вели во неделното интервју за Радио слободна Европа, основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски.

„Судот донесе своја одлука во која сметаше дека рокот не е поминат, односно дознавањето за пресудата го сметаше во рокот од една година од кога дознал. Поднесовме жалба, но Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Со тоа мислам дека застареноста за кривично гонење со повторување на постапката за овој обвинет е веќе завршена работа. Но можеби и веројатно овде ќе има простор да се оди директно на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што таа не зависи од застарувањето и ќе видиме со надлежниот обвинител од кога би се констатирала таа застареност да се почне постапката за конфискација на имот и имотна корист којашто е независна од ова“, вели Бибевски во интервјуто.

Даравелски се гонеше дека делото го сторил во периодот од 1999 до 2002 година, а му се судеше во отсуство со оглед дека избега во Србија каде што помина околу две децении.

Целото интервју на следниот линк