СДСМ: МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки. Повторно воспоставување на режимските практики, на контрола преку заплашување и прислушкување на новинари, активисти и неистомисленици на власта, изјави Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

На почетокот на мај оваа година МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди.

Дали следењето и прислушкувањето новинари, активисти и политички неистомисленици се таргет на МВРО-ВМРО?

Софтверот “Селебрајт Инсајтс Про” како и “НовиСпај” се алатки развиени за потребите на српската Безбедносно информативна агенција.

Проблематично е тоа што во светските медиуми и официјални соопштенија на Гугл, за овој софтвер се наведува дека бил користен за следење на новинари и активисти.

“Амнести интернешнл” во својот извештај објави целосно истражување и форензички резултати за овие случувања.

Сега МВР набавува годишна лиценца за софтвер Cellebrite Inseyets Online Pro, годишна лиценца за Recon ITR, Recon Lab, Exterro FTK Enforcement Bundle за 9 милони денари.

Ова се скандалозни и загрижувачки информации. Зошто МВР го избра најсомнителниот софтвер, познат по низа скандали и незаконско следење? Ќе се прислушкува ли повторно „на големо“ и тоа без соодветни одобренија од правосудните органи? Ќе има ли кој да контролира и како би се контролирало недозволено следење, снимање, упад во комуникациите на граѓаните?

МВР должи одговори на јавноста.

ДОКУМЕНТИ (ЛИНК)