Бугарскиот амбасадор Радуков: Никој не ја пречекал Михаилова во Бугарија

Сподели:

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков беше повикан во Министерството за надворешни работи за случајот со Ива Михаилова. По разговорите, тој во изјава за ТВ Сител ги отфрли информациите дека Михаилова била официјално пречекана од бугарските власти и изјави дека никој од државниот врв досега не остварил средба со неа.

„Никој сè уште не ја сретнал и не ја пречекал во Бугарија г-ѓа Михаилова. Секако, нормално е во таков хуманитарен случај да има загриженост, вклучително и од г-ѓа Илијана Јотова, како претседателка и како мајка. И да, таа веројатно ќе ја види во одреден момент, бидејќи е подготвена да види апсолутно секој таков хуманитарен случај и да му обрне внимание“, изјави Радуков.

Тој ги повика медиумите внимателно да ги проверуваат информациите што ги објавуваат, особено кога станува збор за чувствителни прашања што можат да предизвикаат дополнителни недоразбирања меѓу двете држави.

Сподели: