Вести Свет

Бугарскиот парламент даде широки овластувања на војската во борбата против тероризмот

Сподели:

Бугарскиот Парламент го измени Законот за борба против тероризмот и на бугарските вооружени сили им даде пошироко овластување кога е во прашање неутрализацијата на терористичките закани, јавува Anadolu Agency(AA).

Новиот закон ѝ дава овластувања на бугарската војска да апси осомничени лица, да врши претреси на објекти и возила, да ги заплени сите сомнителни предмети и роба, и во антитерористичките акции да користи огнено оружје.

Споменатите овластувања војската ги има во вонредни околности за спречување терористичкиот напад или во рамките на истрагата за некоја терористичка активност.

Војската во антитерористичките акции ќе може да користи оружје, но и специјални песови трагачи, оклопни возила, панцири, и сите други средства и опрема за ефикасна борба против тероризмот.

Во случај на терористичка закана, новиот закон предвидува во Владата на Бугарија да се формира кризен штаб кој би раководел со акциите на безбедносните сили. Со штабот ќе раководи министерот за внатрешни работи, а во неговата работа ќе биде вклучен и државниот обвинител. Извештаи за работењето ќе поднесуваат до премиерот, претседателот и претседавачот на парламентот на Бугарија.

Сподели: