Вести Изјави Македонија Став Ударни вести

Бугарскиот професор Иванов го поддржа Пендаровски-Мора да има извинување

Сподели:

 

Поранешниот советник на бугарскиот претседател Жељу Желев, професорот Михаил Иванов на својот профил ја пренесе вчерашната изјава на македонскиот претседател Стево Пендаровски од обележувањето на 80-годишнината од прогонот на македонските Евреи во Скопје: „Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи“, и напиша дека се приклучува на неговиот повик.

Професорот Иванов на својот фејсбук-профил исто така напиша дека се согласува со изјавите на Горан Садикарио, директорот на Музејот на холокаустот во Скопје.

 

 

„Го слушам Горан Садикарио и ме боли. Затоа што тој е апсолутно во право. Зошто не слушам од демократските политички партии за срамната ситуација во која генералот Радев и неговата придружба ја ставија Бугарија“, вели Иванов.

Сподели: