Вести Изјави Ударни вести

Чадиковски: Се повлекувам од местото Главен и одговорен уредник на Телевизија 24

Сподели:

Денеска, пред сите колеги и соработници во Телевизија 24 соопштив дека се повлекувам од местото Главен и одговорен уредник на телевизијата. Мојата одлука да се повлечам од ова уредничко место ја донесов поодамна, во моментот кога решив да се кандидирам за претседател на ЗНМ.

На овој начин посветено и ангажирано ќе можам да одговорам на професионалните предизвици што ме чекаат во ЗНМ, без двојство на функции или можност за конфликт на интереси од било каков карактер.

По 2 и пол прекрасни години во Телевизија 24, чувствувам дека во телевизијата постои простор и за понатамошна професионална надградба. Јас останувам дел од тимот на телевизијата, на располагање на сите колеги и на новиот уредник Ognen Janeski, кому му посакувам многу успех.

Изјави, фб статус, Младен Чадиковски

Сподели: