Октомвриска програма на Кинотеката на Македонија посветена на македонски филмови

Сподели:

Октомвриската програма на Кинотеката на Македонија е посветена на македонски филмови кои годинава одбележуваат значајни јубилеи од премиерите.

На програмата се „Солунските атентатори“, „Македонски дел од пеколот“, „Црно семе“, „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“, „Прашина“, „Панкот не е мртов“ и други филмови што оставиле белег во македонската кинематографија.

Посебен омаж е посветен на Атанас Ацо Петровски, по повод 25 години од неговата смрт, со проекција на неговите документарни филмови „Велигденски обичаи“, „Галичка свадба“ и „Дервиши“. На програмата се и „Тетовирање“, „Мирно лето“ и „Како лош сон“.

Октомвриската програма е дополнета со Денови на кинескиот филм, како и со швајцарска, француска и германска филмска програма.

Сподели: