Вести Изјави Македонија Ударни вести

Черних: Двата најсилни земјотреси беа проследени со афтершокова серија

Сподели:

 

Утринава во еден од сеизмички најактивните региони на Источниот Медитеран, со активноста на Источно-Анадолскиот расед, започна серија на тектонски земјотреси која што сеуште траат, изјави д-р Драгана Черних, раководител на  Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје.
 
 
 
 
Двата најсилни, во 4 часот и 17 минути и во 13 часот и 24 минути со локални Рихтерови магнитуди 7.8 и 7.5, беа проследени со афтершокова серија од неколку умерено силни земјотреси со магнитуди помеѓу 6 и 7 и повеќе од 30-тина умерени земјотреси, со магнитуди поголеми од 5 според Рихтеровата скала.
 
Сеизмичката активност е последица на активирањето на дел од Источно Анадолскиот расед со максималната линеарна димензија од околу 200 километри и напрегањата предизвикани од континуираната интеракција на Анадолската микро плоча како дел од Евроазиската тектонска плоча со Арабиската плоча и дополнителните напрегања од Африканската тектонска плоча. Епицентрите на земјотресите се протегаат вдолж раседот на самата граница помеѓу Турција и Сирија.
 
 
 
 
Според досегашните податоци, во Турција и Сирија земјотресите одземаа повеќе од 1500 животи, повеќе од 7000 повредени и предизвикаа рушење на околу 3000 градби.
 
Високата сеизмичка активност од Турција врз нашата територија нема директно влијание, но секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја.
Сподели: