Честитка од претседателот Костадиновски до сите граѓани по повод Денот на Уставот

Сподели:

Денеска, 17 ноември одбележуваме 35 години од донесувањето на Уставот.  Денеска ве повикувам сите заедно, секој еден од нас да се обврземе на вистинска посветеност кон уставните вредности.

Овој значаен јубилеј е потсетник дека силата на Уставот не лежи само во неговите одредби на хартија, туку и во нашата колективна свест, одговорност и посветеност кон вредностите коишто тој ги гарантира.

Лојалноста кон Уставот е наша заедничка должност, а почитувањето на уставните вредности е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината.

Изградбата на правна држава во која владеат правото, правдата и еднаквоста е обврска на секоја генерација. Тоа е најдостоинствениот начин да го почитуваме заветот на нашите предци и да обезбедиме иднина за поколенијата кои доаѓаат после нас.

Да бидеме генерација која со своите дела ќе ја потврди својата верност кон Уставот и ќе придонесе за изградба на слободна, демократска и просперитетна држава.

Нека ни е честит Денот на Уставот!

Сподели: