Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Честитки за македонскиот народ кој со прифаќањето на ОA за канонска црква гордо стои во заедницата на православните цркви

Сподели:

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и членовите на владината делегација Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, денеска присуствуваа на литургијата во соборниот храм на Вселенската патријаршија со која сослужуваа Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, поглавар на Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и Неговата Сесветост Архиепископот на Константинопол, Новиот Рим и Вселенски патријарх, Вартоломеј, Патријарх на Вселенската патријаршија.

За делегацијата на Владата после литургијата беше приреден прием, а премиерот Ковачевски и имаше тет-а-тет средба со Неговата Сесветост Архиепископот на Константинопол, Новиот Рим и Вселенски патријарх, Вартоломеј, Патријарх на Вселенската патријаршија.

 

 

Премиерот Ковачевски и во оваа прилика ја изрази благодарноста до Неговата светост Патријархот Вартоломеј за неговата храбра одлука да ја прими во заедништво јерархијата на Охридската Архиепископија во канонско единство со православната заедница, којашто беше веднаш поткрепена со соодветен Патријаршиски и Синодален Акт.

Ковачевски на средбата истакна дека постапката на Патријархот Вартоломеј и на Вселенската патријаршија претставува историски настан со кој конечно се исправа долгата неправда нанесена врз нашата Црква, ја прави нашата црква реалност во православната заедница.

Со овој чин, беше нагласено на средбата на премиерот Ковачевски со Патријархот Вартоломеј Вселенската патријаршија стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија, како врвен национален интерес на народот во Северна Македонија.

 

 

“Денес е голем историски ден затоа што после векови Охридската Архиепископија сослужува заедно со Вселенската патријаршија и со тоа беше исправена една голема историска неправда.

Ќе се послужам со зборовите на нашиот Архиепископ г.г. Стефан кој што ги кажа на крајот на литургијата дека Охридската древна архиепископија секогаш била рамо до рамо со Вселенската патријаршија, како татко и син, како мајка и ќерка, како брат и брат, како сослужител и затоа денес целиот наш народ, сите наши православни верници со големо воодушевување ја примија веста за ова заедничко сослужување за кое што јас искрено верувам дека ова сослужување и примањето во канонско единство на нашата црква ќе биде крунисано и со издавање на томос од страна на Вселенската патријаршија.

Сакам уште еднаш да се заблагодарам на г.г. Стефан, на сите владици и на целиот Синод, на Вселенскиот Патријарх, г.г. Вартоломеј и на Синодот во Вселенската патријаршија и сакам да упатам порака до сите православни верници во целиот свет, до сите свештеници во православниот свет, да ја посетат Северна Македонија, да го посетат Охрид, древниот Охрид кој што претставува катедра на православието.”

 

Премиерот Ковачевски на Патријархот Вартоломеј му го честиташе јубилејот 30 години од извршувањето на светата должност Вселенски патријарх и 60 години свештенство и изрази честитки за неговата посветеност за решавање на црковните прашања во име на единството на православната заедница.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски му упати покана на Неговата Светост Патријархот Вартоломеј да ја посети нашата земја.

Сподели: