Чифте Амам: Чудесните жени од Колекцијата на Националната галерија на Македонија

Сподели

Чифте Амам, 8. март, Чудесните жени од Колекцијата на Националната галерија на Македонија

По повод 70 годишниот јубилеј од создавањето на Националната галерија на Македонија, а во чест на 8 март – Меѓународниот ден на жената, ја реализираме изложбата под наслов „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“.

Со почит кон светскиот ден на одбележување на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, претставуваме избор од шеесеттина дела од жени авторки застапени во Колекцијата на Националната галерија на Македонија.

Во рамките на ова претставување ќе бидат изложени дела од македонските авторки од различни генерации (од првите авторки од Колекцијата на НГМ до денес): Лена Стефанова, Борка Аврамова, Катја Ефтимова, Ана Темкова, Анета Светиева, Менче Спироска, Илинка Глигорова – Суза, Мира Спироска, Вана Урошевиќ, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Дијана Томиќ-Радевска, Славица Јанешлиева, Жани Гелевска, Моника Мотеска, Марина Лешкова и други; како и дела на авторки од колекцијата на бившите југословенски републики (Олга Бенсон, Зора Петровиќ, Надежда Петровиќ, Вања Радуш, Весна Соколиќ, Љубица Сокиќ, Олга Јевриќ, Оливера Кангрга и др.)