Чифте амам: „Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на Нехат Беќири

Сподели

 

„Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник Нехат Беќири, 22 декември, Чифте амам, 19 часот

Особено задоволство е да се биде организатор и домаќин на проект во кој се сублимирани години работа, истражување и личен развој на полето на ликовниот израз. Станува збор за „Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник и универзитетски професор Нехат Беќири.

Изложбата ќе биде поставена во објектот Чифте амам а на отворањето закажано за 22 декември 2022 (четврток), во 19 ч ќе се обрати директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.