Чулев: Да се воздржиме од поларизација која произлегува од политички, верски и етнички несогласувања

Сподели

 

“Политичките тензии не смеат да предизвикуваат или да водат кон говор на омраза и во таа смисла одговорноста ја имаме сите. Токму во овој период важно е да се воздржиме од било каква поларизација која произлегува од политички, верски, етнички и други несогласувања.

Во оваа насока праќам посебен апел до политичарите да бидат посебно одговорни во овој значен период за нашата држава, а одговорноста пред се ја подразбирам во насока на внимателност и претпазливост при давањето на изјави во јавноста, но и при секојдневната комуникација со граѓаните.

Истовремено ги повикувам да бидат потолерaнти при критиките кои доаѓаат од јавноста, од проста причина што тие се избрани од граѓаните и граѓаните се тие кои ја оценуваат и критикуваат нивната работа. Со други зборови токму политичарите треба да бидат пример за комуникација во која ќе покажат високо ниво на меѓусебно почитување и почитување кон граѓаните” – истакна министерот Наќе Чулев на прес конференцијата насочена кон подигнување на свеста за говорот на омраза во предизборието, која беше организирана од страна на Министерство за внатрешни работиСовет за етика во медиумите на Македонија/The Council of Media Ethics и OSCE Mission to Skopje.

 

https://www.facebook.com/NakjeChulev/videos/187762459132004/