Д-р Емил Крстески: Лицето одговорно за јавни набавки призна вина за неточни бројки

Сподели

 

По опсежните разговори со вработените во финансискиот сектор на Државниот архив е утврдено дека лицето одговорно за јавни набавки направило наводно ненамерна техничка грешка, додавајќи на сумата за кетеринг предвидена за цела 2020 година уште три нули. Со тоа сумата од 300.000 која е предвидена за кетеринг на изложби, промоции и гости од странство, кои и не мора да бидат потрошени станале 300.000.000 (триста милиони) Тој и самиот го призна тоа и против него веднаш е поведена дисциплинска постапка за несовесно работење – изјави директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески.

Вкупниот буџет на Државниот архив е околу 2,5 милиони евра, така што не може за кетеринг да се има 6 милиони евра.
Граѓаните треба критички да ги примаат информациите на јавните мрежи, бидејќи веста за 6 милиони евра за кетеринг е нелогична.