Изјави Македонија

Д-р Крсте Шајноски

Сподели:

изјави 23.05 1„Тешко е да се каже како ќе се одвиваат наредните потези.  Од нив, всушност, и ќе се види дали „натпреварот“ ќе заврши регуларно или ќе се креираат нови финти и мајтапи со правото и правосудниот систем. Досегашниот безобразлук на аболицираните е толкав што веќе луѓето можат да се кладат дали владата ќе се реконструира за да му се обезбеди и враќање на Груевски како премиер.  Ако Ахмети му остане „верен“ на Груевски, инсталациите (претседател на државата и Собрание) се подготвени за тоа.  Тестот  до каде може да оди Груевски во одбрана на сопствената кожа и на кожата на најблиските соработници ќе биде во  текот на следните 30  дена кога извршителот на неговите барања Иванов треба да избере дали целосно ќе ја повлече одлуката за аболиција  или тоа ќе го направи селективно.  Ако не ја повлече целосно, за сите осомничени, и донесе селективни одлуки (со што ќе потврди дека подржува неказнивост на криминални групи и поединци) тогаш тоа ќе биде крај на правната држава и аларм на демократските и слободарски сили во земјата, со масовни протести да ги оневозможат аболираните во намерите да ја продолжат автократската и мафијашка власт. Сегашните сигнали се неповолни.”

Сподели: