Да донираме за купување автомобил за потребите на #Донирај Компјутер

Сподели

 

Донирај Компјутер е самоиницијативна акција за прибирање половни компјутери, нивно репарирање и донирање на граѓани од ранлива категорија. Започната е 2016 година и до сега имаме донирано 1500 компјутери на семејства низ цела Македонија на социјално загрозени семејства кои не можат да си дозволат нов ИТ уред. Имаме потреба од наш автомобил. До сега се снаоѓавме со помош од пријатели. Но веќе ни пораснаа и донациите и обврските за патување и преземање донации од одредено место. Автомобилот ќе го користиме токму за таа намена и за да не ствараме обврски кон трети лица. Помогнете ни да дојдеме до наше возило како би биле независни и нашата помош уште понавремено да можеме да ја завршуваме, објави БорчеСтаменов и  екипата на Донирај компјутер.

Во својот повик на платформата ecrowd.mk, Борче Стаменов и екипата на Донирај Компјутер нè повикуваат да донираме за набавка на возило кое ќе им ја олесни работата во однос на доставувањето донации до најранливите категории. 

Од Донирај Компјутер велат дека досега се снаоѓање со помош од пријатели, но автомобилот кој ќе се набави ќе се користи токму за таа намена и за да не се создаваат обврски кон трети лица.  Помогнете ни да дојдеме до наше возило како би биле независни и нашата помош уште понавремено да можеме да ја завршуваме, повикуваат тие. 

Борче Стаменов има средено и донирано скоро 1500 компјутери за ранливи семејства преку неговото здружение Донирај Компјутер. Веќе 6 години се снаоѓа како знае и умее со превозот на целата опрема која треба да дојде до кај него, за да ја среди и да ја испрати како донација низ цела Македонија. Веќе неговата иницијатива има потреба од превозно средство, кое ќе му помогне да продолжи уште побрзо и поуспешно со својата хуманитарна работа. Затоа народе вадете картичките и дајте поддршка!, пишуваат голем број граѓани.

Минимална сума за донирање е 100 ден, а максимална 6000 ден. во еден ден.

Линк за донации.