Да го направиме онлајн просторот побезбеден за сите

Сподели:

Заедно креираме за побезбедна училишна средина!

Интернетот е одлично место за учење, дружење и забава, но исто така носи и одредени предизвици. Како можеме да го направиме онлајн просторот побезбеден и попријатен за сите? Ученици од основите и средните училишта низ нашата држава веќе осмислија неколку интересни и креативни начини како да го постигнеме ова – погледнете како!

Како учениците ги решаваат овие предизвици?

Ефектот на Твоите Зборови – Преку интерактивни активности, учениците учат како нивните зборови влијаат врз другите на интернет. Со развивање на емпатија и свест за кибернасилството, тие создаваат култура на почит и поддршка во онлајн просторот!

Инста-Детективи – На забавен и интерактивен начин, учениците истражуваат како да ги препознаат кибер-заканите на Инстаграм. Преку тимска работа, тие стануваат експерти за интернет-безбедност и ги учат своите врсници како да се заштитат.

Безбедни на Мрежата – Виртуелен Штит – Дали знаете кој стои зад профилот со кој разговарате? Преку критичко размислување и дискусии, учениците учат како да ги препознаат лажните профили и како да се заштитат од сајбер насилство.

Мисловна мапа – Креативна активност што им помага на учениците да ги истражат и визуелизираат најдобрите начини за заштита од кибернасилство. Со заеднички идеи, тие градат стратегии за безбедно и позитивно користење на интернетот!

Разгледајте ги овие активности и применете ги во вашето училиште. Споделете ги со вашите колеги и ученици! Можете да прочитате повеќе за овие и други активности на ЕдуЛаб платформата на следниот линк: 🔗https://edu.innovationlab.mk/aktivnosti/

Оваа активност е спроведена од СмартАп – Лабораторија за Социјални Иновации, во партнерство со Coalition of youth organizations SEGA , МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC и Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi, со поддршка од Детската Фондација Песталоци – Kinderdorf Pestalozzi.

Сподели: