ДД: Еве како владата на СДСМ-ДУИ-АА го спасува Груевски

Сподели

 

Со измените во Кривичниот законик што ги предлага владата на СДСМ-ДУИ-АА, ја отвора вратата за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски, а за такво нешто треба добро да се информира пошироката јавност. И токму поради оваа причина ви ги пренесуваме фактите како овие измени на Кривичниот законик ќе се одразат на кривичните дела на Груевски.

Случај „ТНТ“ – член 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување. Груевски со првостепена пресуда е осуден на 9 години затвор, додека предвидена е измена на цел член 353.

Така: став 1-е предвидено дообјаснување на делото, тргнато е искористување на службената положба и овластување и дополнето е со повреда на правата на друг; Став 2 – предвидено е незаконско зголемување на имотот на службено лице како резултат на сторување на делото и казна затвор од 1 до 5 години; Став 3 – се намалува казната за стекнување поголема имотна корист или штета од 6 месеци до 5 години, сега се предвидува казна затвор од 1 до 4 години; Став 4 – за стекнување значителна имотна корист/штета се намалува казната затвор од најмалку 3 години, сега се предвидува од 1 до 5 години затвор и Став 5 – предвидуваше затвор од најмалку 5 години за злоупотреба на службена положба при вршење на јавни набавки или на штета на Буџетот на РМ, со измените овој став целосно се брише.

Другиот предмет е „Титаник“ – член 394 – Злосторничко здружување; Член 165-а- Злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања; Член 159 – Повреда на избирачкото право. Овде ќе има измени во член 394 од Кривичниот законик во ставовите 1 и 2, со што се намалуваат предвидените казни: 1) Тој што ќе создаде група или банда што има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, ќе се казни со затвор од 1 до 10 години.

Додека со новите измени казната ќе биде од 1 до 3 години. Став 2- Припадникот на групата или бандата ќе се казни со затвор од 6 месеци до 5 години. Со измената казната е до 2 години.

Што се однесува до предметите Трајекторија и 27 април, првиот е застарен, додека вториот е сопрен. За предметите „Тенк“, „Насилство во општина Центар“ и „Плацеви на Водно“ не се предвидени измени што се однесуваат на овие предмети.

„Феникс“ (СКОПЈЕ 2014) е друг случај – член 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување; Член 273 – Перење пари и се уште нема пресуда за овој случај. Предвидени се измените само во член 353 (опишани погоре), а не се предвидени измени во член 273.

Предмет „Талир“ – член 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување; Член 273 – Перење пари. Предметот е вратен од почеток и со измените е опфатен во делот на член 353.

„Талир“ 2 – член 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување. Осуден е на 6 години, постапка се води во Апелација. Ова е опфатено со измените во член 353 (опишани погоре).

Демократско движење