Деари: Како што верував за прв градоначалник албанец во Кичево, јас верувам и за прв Премиер албанец

Сподели

Почитувани,

Мојот роден град, Кичево е најсликовит пример на придобивките од Охридскиот Рамковен Договор.
Со донесувањето на Законот за територијална поделба, како резултат на Охридскиот договор,се овозможија можности за сите нас.

Кичево се обедини и им се даде можност на сите да станат градоначалници, не само на една заедница, туку на сите. Но, не беше само Охридскиот договор и Законот за територијална поделба тоа што придонесе да ја добиеме позицијата градоначалник.

Во 2013 г. истотака рековме: Зошто не и верувавме.
Зошто Албанците да не се кандидираат за позицијата градоначалник на локалните избори?

Кога соопштивме во 2013 г. дека ќе се кандидирам за градоначалник, некои беа скептични. Но,ние верувавме. Се боревме за нашиот сон. И ние се обединивме како Албанци, заедно со другите малцинства.

Создадовме граѓанско движење за првиот албански градоначалник на Кичево, го распространивме нашиот сон и вербата дека ова заедно можеме да го претвориме во реалност – дури и граѓаните на Кичево кои живеат во САД, се вратија да гласаат.
Останатото е историја, од 2013 година јас сум првиот албански градоначалник на Кичево после повеќе од 50 години.

Во 2013 беше многу тешко, но во 2017 веќе се беше надминато затоа што за мене гласаа и македонци, и турци, и роми и сите други заедници без никакви предрасуди.

А вие веќе знаете зошто ви ја раскажувам оваа приказна. Бидејќи сме на многу слична ситуација на овие избори, но овој пат, на национално ниво.
За прв пат во историјата на нашата земја, албански кандидат ќе се кандидира за Премиер.
За прв пат на парламентарните избори,ние Албанците стоиме храбро и со самодоверба – и бараме позицијата Премиер да припадне на еден од нас и да не поддржат сите заедници. А од нашето искуство во Кичево, знам дека можеме да го постигнеме тоа. Со истата верба, со истиот дух и истата волја да се бориме заедно, што ни донесе победа во 2013 година.
Нашата историја во Кичево е доказ дека заедно можеме да постигнеме сè.

Прв албански градоначалник на Кичево во 2013 г. и прв албански премиер на Северна Македонија во 2020 година. А веќе во 2024 година се ќе биде подобро, поразлично, по еднакво.

Но, примерот на Кичево не само што покажува дека можеме да го сториме тоа ако сме решени и обединети. Туку исто така докажува дека овој пример функционира и во пракса. Според мое мислење, скромно можам да кажам дека го подобривме квалитетот на животот во Кичево, не само за Албанците, туку и за Македонците.
Се разбира, во почетокот имаше тензии и многу Македонци се сомневаа во албанскиот претседател. Но, од првиот ден на мојата функција, се потрудив да станам претседател не само за Албанците, туку и за сите граѓани. На крајот на краиштата, со гордост можам да кажам дека заедно ги надминавме етничките прашања во нашиот град.

И токму истото ќе се случи и со првиот албански премиер на Северна Македонија. Не зборувам само за македонските партии, кои се плашат да го загубат својот дуопол во владеењето – и едноставно вршат предизборна кампања.
Покрај нив, има и македонски граѓани кои се двоумат за албанскиот премиер – но еве, ве поканувам да дојдете во Кичево и да видите како функционира, како се надгради нашето општество.

Првиот албански премиер ќе биде Премиер за сите и ќе даде се од себе за подобрување на животот на сите граѓани. Како што и јас сè уште се обидувам секој ден да правам се повеќе за Кичево. А за сите албански граѓани, ова е мојот повик: Еве што направивме во Кичево.
Со нашата силна верба и обединето гласање, можеме да го постигнеме истото во Северна Македонија: Прв албански премиер!