На 12. февруари – дебата за филмот „Исцелител“ во Кино Култура

Сподели

Контра Кадар организира проекција и отврена дебата на успешниот македонски филм „Исцелител“ на која ќе гостува сценаристот и режисер на филмот, Ѓорче Ставревски.

„Со задоволство ве информираме, дека 2018 ќе ја отвориме со нашиот најуспешен и најгледан филм изминатата година во Македонија – ‘Исцелител’. Филмот изминатата година доби вртоглави рецензии и коментари, почнувајќи од рецензијата на Џесика Кијанг во Variety по проекцијата во Талин, па сѐ до последните најави за присуство на филмскиот фестивал во Санта Барбара, Калифорнија3, стои во најавата за настанот што ќе се одржи на 12 февруари (понеделник) од 20 часот во Кино Култура.

Гостин на дебатата ќе биде Ставревски кој ќе зборува за неговото искуство во создавањето на „Исцелител“, а присутните ќе имаат можност да му постават прашања и да дебатираат за сѐ поврзано со филмот.

Влезот за отворената дебата е слободен.