Вести Изјави Македонија Ударни вести

Демант на МВР: Нема изградба на кампови за мигранти во државава

 

“Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите и
дезинформациите пласирани во одредени медиуми за некаква изградба на
кампови за мигранти на територијата на Република Северна Македонија.
Станува збор за лага со цел да се манипулира јавноста. На министерскиот
форум за правда и внатрешни работи ЕУ- Западен Балкан што денеска се
одржа во Скопје темата воопшто не беше разговарана, а ставот на МВР и
Владата на Република Северна Македонија е јасен и дециден дека никогаш
нема да се прифати изградба на кампови на територијата на нашата држава.
Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести” – се наведува во демантот на МВР.

Сподели: