Вести Изјави

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЕЗЕРОТО ТРЕСКА Е НА СКОПЈАНИ

Сподели:

Демократскиот сојуз бара Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Скопје, да ги преземат сите законски мерки за да спречат Езерото Треска да се одземе од граѓаните на Скопје.

Езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него.
Воедно ја повикуваме и Владата на РС Македонија да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претварање на истото во градилиште и профит на
урбаната мафија.

Независно какви се постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите.

Сподели: