Вести Македонија

Почина Бранка Станковска – Нека ѝ е вечна слава! (ВИДЕО)

Сподели:

 

Со заминувањето на доајенот на македонското радио и телевизиско спикерство и голем професионалец, Бранка Станковска, останува огромна празнина во етерот, која од нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв во 1964 година беше препознатлива медиумска појава за многу генерации.
 
Како маркантна личност на радиото и телевизијата, Бранка Станковска, со нејзината интерпретација на вестите кои препознатливо и со висок професионализам ги водеше долги години, беше вистински амбасадор за афирмација и поддршка на употребата на македонскиот јазик.
Бранка Станковска несебично го пренесуваше своето знаење во областа на умешноста на презентирањето на своите помлади колеги и ќе остане запаметено како нејзин придонес во мозаикот на медиумскиот простор во нашата земја.
 
Нека ѝ е вечна слава!
 
Сподели: