Вести Свет Ударни вести

Ден на жалост во Албанија – се трага по преживеани под урнатините

 

Во Албанија денеска е прогласен Ден на жалост за жртвите во серијата земјотреси.

Спасувачките екипи продолжуваат во борбата со излекувањето на евентуално преживеани под урнатините на зградите. Во земјотресот загинаа над 20 луѓе, додека околу 600 се повредени, а до сега се спасени 46 лица во спасувачката акција, за чие непречено одвивање неколку европски земји испратија свои екипи за трагање. Се стравува дека десетина лица сѐ уште се заробени под урнатините.

Илјадници луѓе ноќта ја поминаа под отворено небо на фудбалскиот стадион во Драч, каде албанската војска постави шатори за сместување на оние лица чии домови се уништени.

Албанската влада утрово одржува вонредна седница за преземање мерки по природната катастрофа.

Македонската влада на вчерашната седница донесе одлука да се издвоји првична финансиска помош од 97.560 евра. Во Албанија веќе се испратени тимови за спасување составени од 30 стручни лица, а дополнителна екипа за спасување испрати и Градот Скопје. Повеќе општини во земјава најавија дека ќе испратат финансиска помош за настраданите во земјотресот.

Сподели: