Вести Свет Ударни вести

Земјотрес од 6.1 степени регистриран во Грција

 

Утрово околу 9.30 часот беше регистриеан земјотрес со епицентар во морскиот дел меѓу грчките острови Крит и Китира.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Грција, земјотресот бил со јачина од 6.1 степен според Рихтеровата скала, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот бил почувствуван на островот Крит, а до сега нема пријави за повредени лица или материјална штета.

Иако епицентарот беше на над 250 километри од Атина, беше почувствуван и во грчката престолнина.

 

Сподели: