Денес на ЕУРО 2016: Французите сакаат трета последователна победа

Сподели

thumbs_b_c_69fc6e9e6a2a3256ad52fe2d49a8bfaa

ПАРИЗ (АА) – Фудбалската репрезентација на Франција вечерва ќе бара трета последователна победа на ЕУРО 2016, а ривал ќе им биде Швајцарија. Средбата на стадионот „Pierre Mauroy“ би можела да биде многу интересна, бидејќи на Швајцарците им е неопходно реми за да бидат сигурни учесници во осминафиналето, јавува Anadolu Agency (AA).

Во втората средба од групата „A“ во исто време од 21:00 часот ќе се сретнат Романија и Албанија. Двете репрезентации покажаа многу со првите два гола но од тоа многу не профитираа. Романците освоија еден а Албанците ниту еден бод. Сепак, двете селекции, со поволни резултати од останатите групи, може да се надеваат на понатамошно поминување во случај на победа. Со тоа средбата во Лион би можела да биде потполно отворена и без премногу калкулации.

– 19 јуни –

Лион (21:00): Романија – Албанија

Лиле (21:00): Швајцарија – Франција

AA.COM.TR