Денешна собраниска седница за пратенички прашања

Сподели

Денеска во Собранието ќе се одржи седница за пратенички прашања, на која ќе пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите.

Талат Џафери денеска треба да одржи и редовна средба со координаторите на пратеничките групи, за да се утврди дали во четврток или во петок ќе има седница на која повторно треба да се гласа законот за ратификација на Договорот со Грција за спорот за името.

На денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, австриската амбасадорка Ренате Коблер ќе ги претстави Програмата и приоритетите за работата на австриското претседателството со Советот на ЕУ.