Денеска ќе биде сончево и студено

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и студено, во западните делови со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: сончево и многу студено со мала облачност. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Утре, облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат пообилни, а во текот на денот ќе се прошират насекаде. На планините на северозапад се очекува позначително зголемување на снежната покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Сподели: