ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето и денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Утринската температура, според УХМР, ќе се движи од -6 до 1, а дневната од -4 до 3 степени. 

Во Скопје не очекува слично време, облачно со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до -5 пет, а дневната ќе достигне до -1 степен. 

Од петок до недела се најавува стабилно и суво време со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.