Денеска официјално почнува зимата

Сподели

 

Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува денеска во 11 часот и 2 минути, а на јужната полутопка започнува летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.

Зимата ќе трае до 20 март 2021 година во 10 часот и 37 минути кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.