Согласно наредбата за спроведување истражна постапка, за лицето постои основано сомнение за кривичните дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.7 вв со чл. 22, Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 вв. чл. 22 и Предизвикување општа опасност од чл. 288. ст.1 вв со чл. 22 од КЗ.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Јавниот обвинител за определување мерка краткотраен притвор од 48 час против А.Ѓ. заради постоење на основите до чл. 165 ст.1 точка 1 и 2 односно опасност од бегство и попречување на истрагата со влијание врз сведоци.


