Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул од 18 до 20 ноември ќе организира „Денови на македонската книжевност“, посветени на претставувањето на современото македонско книжевно творештво пред турската публика.
Во рамките на манифестацијата ќе бидат претставени наградени дела од Јулијана Величковска, Елизабета Шелева, Хана Корнети и Ахмет Селмани, творештвото на поетот Ерол Туфан, како и документарен филм за турскиот поет Фазил Хусну Дагларџа.
Програмата ќе се одржува во просториите на Македонскиот КИЦ во Истанбул.


