Вести Изјави Македонија Ударни вести

Дескоска: 8.март e ден кој нé потсетува на борбата на жената за нејзината рамноправна улога во општеството

Сподели:

По повод 8. март, министерката за образование и наука, Рената Дескоска изјави:

Драги наставници и професори,

Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на жената, ден кој нé потсетува на борбата на жената за нејзината рамноправна улога во општеството, жртвата и борбата за политичка, економска и социјална рамноправност помеѓу жените и мажите.

За да изградиме општество еднакво за сите, потребно е секој ден да се бориме за унапредување на родовата еднаквост и кршењето на традиционалните родови улоги.

Во таа борба, образованието е клучната алатка за промовирање целосна рамноправност помеѓу жените и мажите и за искоренувањето на стереотипите. На секој Ваш час, при секој контакт со учениците имајте на ум дека Вие имате голема улога во формирањето и обликувањето на ставовите кај младите, ставови кои подоцна стануваат дел од нив како возрасни.

Наша заедничка одговорност е да ги пренесуваме заложбите за еднаквост и недискриминација низ секоја наставна содржина. Ве повикувам активно да придонесувате за градење систем кој ќе ги поддржува ученичките во нивното развивање како нови лидерки во општеството.

Нека е честит 8-ми Март!

Со почит, Рената Дескоска

Сподели: