Дескоска: Финансирањето на партиите да се контролира и да се зајакнат механизмите за финансирање од буџетот

Сподели

Пред неколку месеци е донесена одлука со која се спречува финансирањето на 26 партии, соопшти министерката за правда Рената Дескоска, на тркалезната маса на тема „Подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија“.

-Ако имаме 56 партии кои добиваат пари од буџетот за финансирање, во април месец е донесена одлука со која е запрено финансирањето на 26 партиии затоа што ненавремено доставиле извештај и тоа е еден вид контрола која ги мотивира партиите на транспарентност“, рече Тренеска-Дескоска.

-Една од опциите да се зајакнат механизмите е финансирање од буџетот, но на ова одговор треба да даде Министерството за финансии, бидејќи ќе треба да се издвојат многу повеќе пари од буџетот, додаде Дескоска.