Мицкоски: Честит Први мај, Меѓународен ден на трудот

Сподели

Денес им оддаваме почит на сите работници – на тие што го движат општеството напред со својата упорност, одговорност и честитост.

Трудот е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и тој затоа е темелот на секоја напредна држава.

Владата и во иднина продолжува да биде целосно посветена на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Преку зголемување на минималната и просечната плата, зголемување на пензиите, поддршка за нови работни места, унапредување на работничките права и намалување на невработеноста, вложуваме во вистинските вредности – трудот, знаењето и човекот.

Знаеме дека секој успех започнува од човекот и зависи од неговата сигурност, стабилност и мотивација.

Да продолжиме заедно да ја градиме Македонија како праведна, солидарна и достоинствена држава за секој нејзин граѓанин.

Честит Први мај – Меѓународен ден на трудот!