СТАВ: Мерсел БИЉАЛИ – Со недавањето на мандатот, Иванов прави тешко кривично дело

Сподели

 

Со недавањето на мандатот на партиите што докажуваат дека имаат мнозинство во Собранието, Иванов прави тешко кривично дело. Имено, во членот 90 од Уставот на РМ, јасно се наведува дека претседателот е должен да го довери мандатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието. Тоа значи дека истото не е негово право, туку негова должност. Понајмалку тоа може да биде негово дискреционо право за да самиот оценува дали да го даде или не мандтот, туку тоа е негова императивна должност истото да го стори. По секое толкување, особено логичното и аналогното толкување на оваа одредба, пртениците можат самите да избираат влада, оти тие немаат право да го поддржуваат претседателот во прекршувањето на Уставот.

Тука претседателот ја има улогата на поштарот. Тој е должен пратката да му ја носи дома на примателот, инаку поинаку ја прекршува работна дисциплина. Но, и самиот примател може да отиде до поштата и пратката да си ја земе.

Членот 87, определува дека претседателот е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Оттука, со недавањето на мандатот на партиите кои со непобитен доказ докажуваат дека имаат мнозинство во Собранието, претседателот прави тешко кривично дело кое се поврзува со обид за државен удар или преземање конкретни дејствија во таа насока (дела предвидени во кривичниот законик).