Дескоска: Ветинг во правосудството по изборите

Сподели

 

“Мора да бидеме свесни дека за да се почне процес на ветинг во правосудството потребно е двотретинско мнозинство, а тоа, како и дебатата за ова прашање не може да се заврши пред изборите”, изјави министерката за правда Рената Дескоска.

Министерката Дескоска смета дека ниту еден процес не треба да биде избрзан и треба да биде процес договорен со консензус од двотретинско мнозинство. Во однос на моделот и кој ќе го спроведе, Дескоска рече дека една варијанта е да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но можно е тоа да оди и преку активност на повеќе институции.

– “Можни се повеќе варијанти, една варијанта е дека може да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но исто можно е и прочистувањето да оди преку активност на повеќе институции почнувајќи од постојни институции кои постојат во комбинација со вршење на нивните надлежности, но имаме и модели што ги гледаме дека постојат и се спроведувале во други земји, односно комисија што целосно ја презема таа надлежност и го спорведува процесот” – изјави Дескоска.