Романот „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова промовиран во Софија

Сподели:

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 25 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе биде промовирано новото бугарско издание на романот „Песот со тажен поглед“ од македонската писателка Оливера Николова.

Настанот се организира по повод 90-годишнината од раѓањето на авторката, а за нејзиното книжевно творештво и романот ќе зборува д-р Марина Мијаковска.

Романот, кој ја освои наградата „Роман на годината“ за 2019 година, ја обработува судбината на австрискиот воен заробеник Алберт Гас за време на Првата светска војна, отворајќи теми за воените страдања, човечката издржливост и хуманоста. Бугарското издание е во превод на Маријан Петров, а е објавено од издавачката куќа „Изида“.

Сподели: