Џафери: Честит празник и убави празнични денови

Сподели

 

“Дозволете од свое лично име и од име на пратениците на Собранието на сите православни верници кои денес го прославуваат големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ, да им упатам искрени честитки за овој убав празничен ден.

Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна магија која создава во сите нас убави и позитивни мисли кои пак зрачат прекрасна енергија на заедничка среќа и радост, сплотена верба и надеж за подобро утре, посветла иднина, за нас, за нашите деца и сите идни поколенија. Нека биде таа енергија силата која што не води мудро низ сите предизвици што ги носи секој нов ден, секој нов миг. Нека радоста и спокојот што се раѓаат со почитувањето на универзалните вредности, односно човекољубието, взаемната почит, солидарноста и сочувството бидат вообичаено секојдневие за сите нас и мотив за создавање на дополнителни убавини и правење на добри дела за радоста од дарувањето на таа позитивна енергија биде удвоена.

Драги граѓани, Ви посакувам среќа, радост и благосостојба во вашите домови, насмевки на лицата на вашите најблиски и секојдневен напредок на лично поле, што ќе резултира со колективен напредок на земјата и сите граѓани.

Уште еднаш, честит празник и убави празнични денови!” – честита претседателот на собранието, Талат Џафери.