Џафери и Вуцис: Почеток на парламентарна соработка

Сподели

Во рамки на конференцијата на претседатели на парламенти на Европската унија, претседателот на Собранието, Талат Џафери се сретна и со претседателот на Парламентот на Грција, Николаос Вуцис.

Во една неформална и пријателска атмосфера, Џафери и Вуцис разменија мислења околу отпочнувањето на парламентарна соработка меѓу двата Парламента, како на ниво на претседатели, така и на ниво на парламентарни групи за соработка, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија.