Џафери: Нецелисходно е да има пратенички прашања кога владата е во оставка

Сподели

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги отфрли тврдењата на опозицијата дека без оглед на заминувањето на Зоран Заев од премиерската функција и владата во оставка, пратенички прашања треба да има. Според него, нецелисходно е да има пратенички прашања кога владата е во оставка.

Џафери на брифинг со медиумите, денеска најави дека на почетокот на денешната седница ќе биде констатирана оставката на Заев, но, како што рече, нецелисходно е да продолжи седницата за пратенички прашања, со оглед на тоа што Владата е во оставка.

Тој нагласи дека оваа влада останува на должност до изборот на новата влада, ама само на техничко ниво. До изборот на нова влада нема да има нови седници, затоа што владата во оставка не би требало да предлага закони.