Медиумско присуство на настани со 2 вакцини или потврда за прележаност на КОВИД-19

Сподели

 

Владата на вчерашната седница донесе одлука за усогласување на постоечкиот Протокол за организирање на настани со медиумско присуство. Со овие измени, за влез на настан во отворен или затворен простор, задолжително е поседувањето сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележаност на КОВИД-19 до 45 дена од денот на прележувањето.

Ова усогласување на Протоколот, како што беше информирано, е изработено во консултација со ЗНМ и ССНМ.

Усогласениот Протокол за организирање на настани со медиумско присуство е објавен на веб страницата на Владата на следната адреса: https://vlada.mk/protokoli-koronavirus

На прашањата на новинарите околу можноста да се воведат дополнителни антиковид мерки за време на празниците, портпаролите истакнаа дека според проценките на експертите моменталните рестриктивни мерки против проширувањето на вирусот КОВИД–19 се доволни за претстојните новогодишни празници и дека ситуацијата со пандемијата во земјава е стабилна.