Вести Изјави Македонија Ударни вести

Џафери со честитка за првиот ден на Рамазан

Сподели:

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честика по повод првиот ден на светиот месец Рамазан, со кој почнува и триесет дневниот рамазански пост, на сите припадници на исламската вероисповед.

“Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, да упатам честитки по повод првиот ден на светиот месец Рамазан. По тој повод, упатувам желби до сите граѓани кои ќе бидат дел од тоа искушение за телото, умот и душата, да најдат во себе сила, верба, желба и мотив да го пребродат со леснотија физичкиот пост и менталното и душевно прочистување. Тоа ќе ни помогне на сите да се нурнеме длабоко во себе, да го најдеме најдоброто во нас и да го шириме и споделуваме со нашите блиски членови од семејството, со соседите, соработниците и со познати и непознати околу нас.

Живееме во тешко време на предизвици од сите видови како економски, енергетски, политички, безбедносен, здравствен, социјален, општествен и многу други. Многумина околу нас се изгубија или го загубија патот што го следеа. Да бидеме нивното светло, нивниот зрак на надеж кој што ќе им го осветли патот за да не се чувствуваат осамени. Да бидеме солидарни, милостиви, полни разбирање и почит за немоќните и несреќните. Тоа ќе ни ги исполни душите со радост, домовите со убава и позитивна енергија, спокој и благосостојба а добрите мисли и дела нека бидат нашата водилка секој ден, не само за време на Рамазанскиот месец од кој се надевам дека ќе излеземе подобри луѓе за нас самите и за сите околу нас.

Почитувани верници, дозволете уште еднаш да Ви го честитам првиот ден на Рамазан, да ви посакам лесни и прифатени пости!”

Сподели: