Вести Македонија Ударни вести

Џаферовски: Човечкиот фактор е 100% причинител за пожарите

Сподели:

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски апелираше до сите граѓани да не подметнуваат пожари затоа што ќе имаат долгорочни последици за нашето здравје.

-“Човечкиот фактор е 100% причинител за оваа ситуација. Дел од причините се палење стрништа заради припремања на земјоделски површини за пролетна сеидба. Само уште кај нас стои правилото дека ако се запалат стрништата нема да има коров. Правевме анализи во регионот и Европа или било каде во светот, тоа никаде не се случува, а земјоделците се несовесни за последиците од палењето на стрништата. Апелиравме за таа состојба, но не наидуваме на разбирање од општеството”, – изјави Џафероски.

-Треба да бидеме совесни граѓани на оваа држава. Треба итно да се престане да се палат стрништа. Пожарите ќе имаат долгорочни последици по екосистемот на нашата земја и здравјето на нашите поколенија, рече Џафероски.

-Во моментот има десетина активни пожари. Еден во Скопскиот регион на местото „Љуботински бачила“. Пожарот во Драчево е веќе изгаснат. Во областа на Матка голема површина е опожарена. Пожарот во Галичица е ставен под контрола. Активен пожар има кај селото Топлица, а на терен се екипи, – изјави портпаролката на ЦУК, Надица Вчкова која ја соопшти моменталната состојба со пожарите во земјава.

Сподели: