Вести Свет

Џонсон: Брегзит на 31. октомври

Сподели:

 

Да го одржиме „Брегзит“ на 31 октомври, за во 2020-та година нашата земја да продолжи напред, порача британскиот премиер Борис Џонсон, на годишната конференција на конзервативната партија попладнево во Манчестер.

Џонсон упати жестоки критики до пратениците во Долниот дом кои усвоија закон со кој му се забранува да го извади Обединетото Кралство од Унијата и му наложува да побара ново одложување на Брегзит.

„Тажната вистина е дека гласачите имаат поголемо влијание врз „Јас сум славна личност“ отколку што го имаат врз овој Парламент кој одбива да го испорача Брегзит, одбива да понуди било што конструктивно и одбива избори. Токму во моментот кога гласачите очајно сакаат да им се посветиме на нивните приоритети ние продолжуваме да ја џвакаме супер пластифицираната тема Брегзит” – изјави Џонсон.

Презентирајќи дел од планот, кој треба да му го достави и на Брисел, Џонсон рече дека под никакви околности нема да има проверки на или во близина на границата со Северна Ирска, додавајќи дека тие ќе го заштитат мировниот процес и договорот во Белфаст.

“Можете ли да замислите уште три години од тоа? Ова е агенда на опозицискиот лидер Корбин – останување во ЕУ и по 31 октомври, плаќајќи 1 милијарда фунти месечно за привилегија по неколку години неизвесност за бизнисот и сите”, оцени британскиот премиер. Тој уште еднаш посочи дека е подготвен за Брегзит без договор.

Сподели: