Пратеникот на ДОМ, Богдановски поднесе оставка од пратеничката функција

Сподели

 

Пратеникот на ДОМ, Мирослав Богдановски,  денеска си поднесе оставка од пратеничката функција.

Богдановски на својот фб профил изјави дека останува максимално посветен на заштитата на животната средина.

“Граѓаните бараат зелени, чесни и бескомпромисни борци што се секојдневно на терен, далеку од удобните фотелји. Зелените не се елитисти и демагози, туку луѓе од акција. Јас како дел од Европските Зелени, со тоа убедување чекорам повеќе од деценија и сметам дека многу повеќе може да се направи директно на терен отколку од говорница. Затоа сакам со својот тим од Инспекторатот на Градот Скопје и во соработка со Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, решително да придонесеме во спроведувањето на Зелениот Договор на ЕУ и Зелената Агенда за Западен Балкан. Да потсетам, јас и Ана Петровска бевме нестатутарно разрешени од потпретседателските позиции во партијата од малцинска група на елитисти во ДОМ предводени од претседателката Маја Морачанин. И покрај тоа, продолжуваме да се бориме за зелените вредности исто како и досега, во интерес на зелените активисти и граѓаните. Ќе покажеме и докажеме дека борбата на терен е нашиот својствен начин за остварување на зелените политики”, напиша Мирослав Богдановски.