ДИК ги објави резултатите од изборите и ги додели уверенијата за пратеници

Сподели

 

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната јавна седница ги објави конечните официјални резултати, од предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

Според официјалните резултати, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освоила 327.408 гласа, тоа се 35,89 отсто од гласовите односно 46 освоени пратенички мандати. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 315.344 гласови или 34,57 проценти освои  44 мандати. Демократската унија на Албанците освои 104.699 гласови или 11,48проценти, 15 мандати, коалиција Алијанса/Алтернатива  има 80.000 гласови или 8 проценти или 12 мандати, Левица – 30.426 гласови или 4,1 процент – 2 мандати, ДПА – 13.930 гласови или 1.53 отсто – 1 мандати.

Од партии кои учествуваат на овие избори се Интегра со 12.291 глас или 1,35 отсто, ГДУ со 3.555 гласови или 0,39 отсто, МОРО работничка партија 3.245 гласови или 0,36 проценти Глас за Македонија 2.800 или 0,31 процент, Единствена Македонија 2.600 гласа или 0,29 проценти, СДУ 2.585 0,28, Твоја Партија1.894 гласови или 0,21 процент, Демократи 1.558 гласови 0,17 проценти Народна Партија на роми 1.225 или 0,13 проценти.

Денеска во Државната изборна комисија се одржа свечена седница на која беа доделени уверенијата на избраните пратеници.

Освен Левица, ДПА и Алијанса, сите други партии пристигнаа во ДИК и ги подигнаа уверенијата за пратеници. Од партијата Алијанса за Албанците се појави претставник, но бидејќи немаше овластување не му беа доделени мандатите.