ДИК: Пендаровски со мала предност пред Силјановска – одат во вториот круг

Сподели

Според обработените 100% од податоците Пендаровски води со помалку од илјада гласа пред Сиљановска Давкова.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски освои 313 033 гласа или 42,67% од вкупнуиот број гласови. Тој, според податоците на Државната изборна комисија победил во Куманово, Крива Паланка, Струмица, Берово, Делчево и Дојран, како и во Центар и Карпош.

Кандидатот на ВМРО – ДПМНE Гордана Силјановска Давкова освои 312 177 гласа или 42,56% од гласовите. Таа освои најмногу гласови во Велес, Кавадарци, Неготино, Битола, Охрид, Ѓорче Петров, Аеродром, Штип, Пехчево, Прилеп и Гевгелија.

Кандидатот Блерим Река освои 76 496 гласа или 10,43% од гласовите. Најголема предност Река има во Желино, Липково, Теарце и Боговиње.

Според претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изборите минале во фер и демократска атмосфера и изрази задоволство за добро извршената работа.

.