Шри Ланка: Бројот на жртви во терористичките напади се искачи на 290

Сподели

За серијата на терористички напади на католички цркви и хотели во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, во кои настрадаа повеќе од 290 луѓе, а стотици се повредени, се верува дека повеќето од терористичките напади ги извеле бомбаши самоубијци зад кои стои локална група на радикални исламисти.  

Меѓу загинатите најмалку 35 се странци, државјани на Кина, Холандија, Португалија, САД и Велика Британија. Индија ја потврди смртта на тројца нејзини државјани.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но полицијата извести дека се уапсени 24 лица кои припаѓаат на иста радикална група.

Министерот за одбрана на Шри Ланка, Руван Вијевардене вчера изјави дека „терористичкиот инцидент“ бил спроведен од страна на луѓе кои следат „религиски екстремизам“.