ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во 9, Вреди во 8 и НАИ во 5

Сподели:

Се одржаа локалните избори, осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список.

По обработени 99,94 отсто од гласовите, според ДИК, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ победија во Аеродром, Берово, Битола, Босилево, Брвеница, Бутел, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Кочани, Конче, Кратово, Маврово и Ростуше (нема цензус), Македонска Каменица, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Чешиново-Облешево и Штип.

Кандидатите од Коалицијата ВРЕДИ победија во општините Арачиново, Боговиње, Дебар, Долнени, Желино, Сарај, Теарце, Тетово и Чаир.

СДСМ и Коалицијата освоија најмногу гласови во општините Богдацни, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Росоман, Центар и Чучер Сандево.

Кандидатите на НАИ добија најмногу гласови во Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.

Кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски освои најмногу гласови во Куманово, Курто Дудуш од Унијата на Роми во Шуто Оризари, во Струга и Студеничани независните кандидати Менди Ќура и Азем Садики, а во Центар Жупа кандидатот на ДПТ Аријан Ибраим.

Во Центар Жупа, Маврово и Ростуше и во Врапчиште ќе има повторно гласање, заради непостигнување на потребниот цензус на гласање, каде треба да излезат најмалку третина од запишаните избирачи.

Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

Првите локални избори во независна Македонија се одржани на 17 ноември 1996 година, на кои се избирани советници и градоначалници во 123 општини, плус Градот Скопје. Имаше вкупно 683 кандидати за градоначалници и 747 кандидатски листи за членови на општинските совети. Одѕивот на гласачите во првиот круг беше 60 проценти, а во вториот круг 51 процент. На овие избори право на глас имаа 1 419 081 избирач.

Сподели: